Каменос против име со географска одредница за Скопје

Лидерот на партијата Независни Грци бара да се почека и да се види во кој правец ќе се одвиваат разговорите околу спорот со името со северниот сосед, но останува противник на идејата дека географска одредница е решение.

Ако се понуди формула со географска одредница, тој нема да гласа за тоа, пренесуваат грчки медиуми.

Панос Каменос, актуелен министер за одбрана на Грција, вчера изјави дека останува верен на ставот постигнат на средбата на политичките лидери со поранешниот претседател на Грција, Константин Караманлис.

Ако се смени таа позиција, тогаш актуелниот претседател Прокопис Павлопулос, ќе треба да свика нов состанок со политичките лидери околу по ова прашање, вели лидерот на партијата Независни Грци.

Географска одредница како „горна“ или „северна“ би значело дека останува името Македонија, а тоа не му се допаѓа на Каменос кој стои цврсто на заканата дека неговата партија нема да остане во владата „доколку се дозволи употеба на зборот Македонија во името на Скопје“.

Какво решение посакува тој, не е познато, но во последно време одново во оптек се шпекулации дека прифатливо решение за Грција би било „Вардарска Редпублика“ или „Централно балканска Република“.

За министерот за надворешни работи, Никос Козиас, тој рече дека бил еден од најдобрите министри кој преговара во интерес за татковината  води отворена надворешна политика.

Десничарската Независни Грци е коалиционен партнер на левоориентираната владеачка Сириза на премиерот Алексис Ципрас.

Каменос е убеден во силната позиција на неговата партија, која преживеала пет изборни циклуси и покрај негативните анкети. „Сѐ уште сме живи”, вели тој.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*