Директорка потрошила 9.000 евра државни пари на козметика, смоки и цигари

Седум илјади евра лани и уште две илјади евра годинава потрошила Слободанка Алексовска, поранешната раководителка на Центарот за вработување Скопје, за свои лични потреби. Машки чорапи, влажни марамици, козметика, аутан, спрејови, млеко за тело, смоки, цигари, мешан кашкавал и јајца од јапонска потполошка, напитоци од соја, гумени бонбони, свежа риба лосос и лаврак, сувомесни производи, овошје, фстаци и други јаткасти производи, се дел од продуктите кои ги купувала Алексовска на сметка на Центарот. Ова денеска го обелодени директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, која соопшти дека Алексовска е суспендирана, а има одлука и за дисциплинска постапка. По комплетирање на случајот за поранешната раководителка ќе биде поднесена и кривична пријава, пишува „NewsRoom“.

„Слободанка Алексовска несовесно, спротивно на правните прописи, со злоупотреба на службената положба и овластувања нанела штета на имотот и буџетските средства на Агенцијата за вработување. Спротивно на Правилникот за користење на службени моторни возила, Алексовска користела две службени возила надвор од работното време и за време на викенди, за време на користење слободни денови и при користење
на годишен одмор. Од буџетот на Агенцијата Алексовска трошела средства за патарини и паркинг услуги надвор од работното време во неработни денови и во доцните вечерни часови. Исто така, за угостителски услуги правела повеќе сметки во износи над 6.000 денари во доцните вечерни часови и за време на викенди“, рече Јовановска.

Алексовска, како што информираше директорката на Агенцијата, од буџетот на оваа институција во 2016 година потрошила 429.597 денари (околу 7.000 евра), а за првата половина од оваа година 116.625 денари (околу 2.000 евра) за свои лични и семејни потреби од маркети, молови, аптеки и слично. Како доказ за овие тврдења Јовановска на новинарите присутни на денешната прес- конференција им приложи фотокопии од фискални сметки.

Јовановска нагласи дека ревизија за годините пред 2016 година се уште не е направена и дека ќе се преземат мерки за да се истражи целосно работењето на Агенцијата и на сите раководители во тој период.

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*