Битката се води за неопределените

Не ми пречи фаворизирањето на опозицијата и пропагандата на десничарските портали, нормално е, за тоа се отворени, ама ме нервира што не сакаат да се потрудат ни минимално.

Во скоро секоја вест, потклаваат дека „ВМРО-ДПМНЕ, според анкетите убедливо ќе победи на овие избори“ – идејата е веројатно дека карактерот на Македонецот е таков што сака да се приклони кон победникот.

Барем малку шминка – според таа и таа анкета – па нека е и фиктивна, спроведена од тогаш до тогаш, на извесен број испитаници итн..

Така правеа и со налудничави тези кои се обидуваа да ги оправдаат со „според мислењето на експерите“ ама не дај боже да најдат барем двајца кои ќе ги цитираат.

Многу слабо дечки. Ако тргнеме од фактот дека двете најголеми политички партии имаат прилично стабилно гласачко тело, јасно е дека битката се води за неопределените.

Со ваква евтина и дилетантска пропаганда освен што се потхрануваат и онака придобиените симпатизери, кај неопределените се постигнува само контра ефект.

Фејсбук статус на Атанас Кировски

Колумна на денот

Доказот!

Веќе четврти или петти пат од устите на специјалните јавни обвинителки Катица Јанева и Ленче Ристовска слушаме дека „СЈО обезбеди доказ дека снимките од нелегалното […]

Интервју на неделата

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*